ВМРО-ДПМНЕ: Образованието било и ќе биде еден од врвните приоритети
ВМРО-ДПМНЕ посветува сериозно внимание за унапредување на сите општествени сфери, особено на образованието, кое било и ќе биде еден од врвните приоритети, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната изјава на Петар Атанасов од СДСМ.
Во писмената реакција ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Буџетот наменет за образование во изминатите години е зголемен за повеќе од 72 проценти, изградени се 74 нови училишни објекти, повеќе од 400 се реконструирани и санирани, а изградени се и 55 училишни спортски сали. Како што истакнува ВМРО-ДПМНЕ веќе осум години се обезбедуваат бесплатни учебници за сите ученици во основните и средните училишта, бесплатен превоз има за учениците кои живеат на повеќе од 2,5 километри од училиштето, зголемени се платите на наставниците, трансформиран им е работниот однос на неопределено време на повеќе од 9.000 наставници, а во високото образование намалена е партиципацијата за студирање, зголемен е буџетот за стипендии, опремени се 80 современи лаборатии....
- Оваа наша политика за развој на националното образование и за поддршка на знаењето на граѓаните ќе продолжи и во периодот што следи. Македонија нема друг ресурс од кој повеќе зависи севкупниот општествено економски развој. Програмата која ќе ја понудиме на претстојните избори ќе биде најобемната досега и уверени сме дека по 10-ти пат ќе ја добие мнозинската поддршка од граѓаните, се вели во реакцијата.
Интергрален текст на ВМРО ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа