Полицијата потврдува: Гоце Симоновски уапсен поради закани

 

Гоце Симоновски, поранешниот Раководител на Секторот за туризам и локален економски развој на општина Охрид и близок соработник на екс-градоначалникот Александар Петрески, синоќа бил приведен во полициска станица, потврдуваат од МВР за Пресс24.

Според наши извори, причина за приведувањето се заканите кои Симоновски ги упатувал кон Секретарот на општината поради негативните оценки за работењето кои ги добивал.

Детали од полицијата се очекуваат во текот на денот.

 

најчитано сега