Тешка сообраќајка во Македонија - загина едно лице

 

Во неделата наутро во 06.15 часот во МВР било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, возило „ауди А4“ со прилепски регистарски ознаки излетало од коловозот и застанало во канал со вода.

Од извршениот увид и извршениот разговор со сопатникот Ж.Ј. (51) од Прилеп, кој е пренесен и задржан со тешки телесни повреди во Општа болница Прилеп, утврдено е дека незгодата се случила на 29 август меѓу 21.00 до 22.00 часот, а возилото го управувал сега починатиот Д.Н. (34) од Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп.

 

 
 
02.09.2016 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега