МЗШВ: Фирмата блиска до кланот Заеви доби 5 тендери и 36 милиони денари за чистење канали

 

Image result for мзшв

Интегрално соопштение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во врска со денешниот текст на интернет порталот „Фактор.мк“, „Кои фирми добивале пари за чистење на канали?“, кој потоа е преземен од други портали, а во кој се повторени клеветите, манипулациите и дезинформациите на СДСМ и на нејзиниот член на Извршен одбор Љупчо Николовски, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е принудено повторно да ја потсети јавноста дека:

- Кои фирми ќе ги чистат каналите беше одредено на тендер и тоа со јавна електронска аукција, а договорите беа склучени со оние кои дадоа најповолни, односно најниски цени.

- Секое водостопанско претпријатие определува надзор кој на терен ја следи и ја потврдува извршената работа. Сите извештаи за времени ситуации покрај надзорот се потпишани од изведувачот на работите, директорот на водостопанското претпријатие и директорот на Управата за водостопанство при МЗШВ.

- Покрај законската постапка која е спроведена во целост, министерот Михаил Цветков пред исплатата на средствата дополнително формираше Комисија за проверка на изведените работи поврзани со чистењето на каналите за одводнување и наводнување во чии состав покрај членовите од МЗШВ има и членови од други надлежни државни институции. Дополнително формираната комисија беше на терен, состави писмен извештај поткрепен со фото документација со што се потврди дека сите економски оператори ги извршиле активностите согласно условите во договорите.

- Целиот процес е воден согласно сите законски процедури што се гледа и од ревизорскиот извештај, каде што  не е наведено дека средствата се исплатени неправилно, незаконски и не е наведена сума на злоупотребени средства.

- Дополнително, симптоматично е тоа што во текстот на Фактор.мк (и во пренесените текстови во другите медиуми), постојано се потенцира една групација, а не се споменува дека, на пример во 2011, 2012 и во 2013 година, за голема сума на пари, каналите ги чистеше и фирмата блиска до кланот Заеви, АДГ ПЕЛАГОНИЈА СТРУМИЦА.

- Како што може да се види од официјалните податоци  АДГ ПЕЛАГОНИЈА СТРУМИЦА добила 5 (пет) тендери и на нејзината сметка, за исчистените канали се исплатени безмалку 36 милиони денари. Тоа е речиси 20% од сумата која е исплатена за чистење на канали во последните пет години, односно од, според СДСМ и нивните портали, „сомнително и незаконско исплатените околу 3,5 милиони евра“.

Од сето ова се гледа дека тендерите за чистење на каналите не се делат на фирми блиски до власта, туку на фирми кои ќе дадат најповолни понуди, како и тоа дека нема сомнително и незаконски исплатени 3,5 милиони евра преку Програмата за рурален развој. 

 
 
06.09.2016 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега