Сте се забрашале ли некогаш, зошто гумите на авионите никогаш не експлодираат при удар со пистата?

 

Секоја гума е проектирана да издржи исклучително тежок товар, дури 38 тони, а може да удри на тлото при брзина од 270 километри на час.

avion

Кај некои модели ударот се случува при брзина од дури 460 километри на час, а може да се повтори повеќе од 500 пати пред авионот да се сервисира.

Секој авион може да има и поголем број на гуми, во зависност од видот на авионот. На пример, Боинг 777S има 14, а Ербас А380 има 22 гуми.

Гумите се направени од специјален вид на најлон или арамид, но тоа што ги прави толку издржливи е воздухот под исклучително висок притисок. Гумите се надувани на 13,789 бари, што е шест пати поголем притисок од што се користи за гуми на автомобили.

 
 
07.09.2016 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега