ДСЗ: Раст на економијата од 2,2% во вториот квартал

 
 
Раст на економијата од 2,2% во вториот квартал годинава, објави државната статистика. Најголем пораст, од 31%  бележи градежништвото. Следуваат  стручни, научни и технички дејности,  административни и помошни услужни  дејности,  каде е регистриран пораст од 11,5%. И финансиските дејности и дејностите од осигурувањето со раст од речиси 5 отсто. Најголемо учество во структурата на бруто домашниот производ има финалната потрошувачка на домаќинствата. Зафаќа речиси 70%, а според статистиката номинално пораснала  за 1,3%. Во истиот период извозот на стоки и услуги се зголемил за 4,2, а увозот номинално се зголемил за 6,6%.    
 
Минатата година  економијата заврши со раст од 3,7%,. Во првиот  кавртал, пред се поради политичката криза и неизвесноста да се намали на  2 отсто, а во второто тримесечје  растот благо да се зголеми на  2,2%. 
Реагираа од СДСМ – велат заради недомаќинското раководење на економијата од стрна на оваа власт, просечниот раст на БДП е заглавен на ниво од 3%, што е премалку за подобрување на животниот стандард на граќаните. На Македонија и се потребни и економски промени преку просечни стапки на економски раст од над 5%, кои што ќе ги постигнеме преку структурни реформи и промена на структурата на БДП. , се вели во сооппението на оваа партија.  

 

 
09.09.2016 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега