Внимание: Веднаш избришете го датумот на раѓање од „Фејсбук“
Ако на вашиот Фејсбук профил покрај другите инфомации стои и датумот на вашето раѓање, веднаш избришете го бидејќи е идеална цел за хакерите.
Поточно, компјутерските криминалци на „Фејсбук“ се обидуваат да пронајдат што повеќе лични податоци за луѓето, а датумот на раѓање е податок што им е од корист.
Во изминатата година бројот на кибернетски криминални дела се зголемил за 57 проценти, а повеќето од нив се случиле преку социјалните мрежи.
Сајтовите што хакерите најчесто ги напаѓаат се „Фејсбук“, „Твитер“ и „Линкедин“, а што повеќе информации објавувате, толку повеќе ги привлекувате.
Покрај датумот на раѓање, адресата на живеење, е-поштата и бројот на мобилниот телефон не се паметна идеја за на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа