Сеизмолошка опсерваторија: Нов земјотрес го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 11.09.2016 год., регистрира уште еден слаб земјотрес од денешната серија земјотреси од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

 

Овој земјотрес се случи во 20 часот и 57 минути, со Рихтерова локална магнитуда 2.1. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

 
 
11.09.2016 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега