ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Заев не е добредојден во Прилеп

 
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во Прилеп се појави само ден пред 15 септември, на кој ден порано неговиот ментор Бранко Црвенковски вети вработување член од секое семејство. Заев го најавува 10-тиот јубилеен пораз на СДСМ, рече на денешата прес конференција претседелот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
 
Заев, додаде Ристески, денес во Прилеп ќе го забележите како во својство на бизнисмен, водач на навивачка група балисти или како политичар ги разубедува своите членови дека нема 500.000 фантоми, туку причина за поразите е погрешната политика на СДСМ.
 
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев не е добредојден во Прилеп поради своите досегашни „непримерени“ изјави и оти не можел да им погледне в очи на тутунарите, пензионерите, работниците.
 
- Овој бизнисмен треба да им погледне в очи на тутунарите на кои не им се исплаќаа субвенции, на пензионерите на кои им скратија повеќе пензии. треба да ги види добитниците на социјални станови, припадниците на МВР и на АРМ кои безмилосно беа напаѓани деноноќно. Треба да се види со бизнис-секторот, но и со родителите на децата во градинките и да ги убеди дека тие од 5 години треба да учат албански јазик. Тој нема да го направи ова зашто неговата партија не се базира на проблемите од граѓаните. Негова цел е да се уништи македонската економија, рече Ристески.
ВМРО-ДПМНЕ, како што наведе, му препорачува на Заев да ги посети индустриската зона во Алинци каде работат две фабрики и инвестицијата во инфраструктура од осум милиони евра, да види во која фаза е изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, инвестиција од 80 милиони евра.
 
 
14.09.2016 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега