КУРИР: Зоран Заев не сакал Радмила Шекеринска да остане гладна, ја вработил и неа во партијата
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во партијата со вработување си ја згрижи и својата заменичка Радмила Шекеринска која е дел од платниот партиски список, објавува КУРИР
Според информациите до кои дојде КУРИР, Шекеринска има подолг работен стаж во СДСМ и од Мухамед Зекири и од Дамјан Манчевски. Нашите информации говорат дека во опозициската партија таа е вработена на 01.10.2015-та година.
Неофицијално дознаваме дека нејзината плата изнесува 30.000 денари.
КУРИР се обиде да дознае кои се причините за партиските вработувања во СДСМ, но засега единственото образложение е тоа што го даде Заев во интервјуто за порталот под контрола на СДСМ/Сорос дека Зекири морало да биде вработен за неговите деца да останат гладни.
Радмила Шекеринска во јавноста е позната по луксузниот живот кој го води, по скапите облека, чанти и чевли кои постојано ги носи на себе. Шекеринска живее луксузно.
Со неа се врзува и аферата во која нејзиниот сопруг, директорот на Дајнерс сам себе си ги издаваше становите за најскапата кирија за која македонскиот народ има слушнато.
Во февруари годинава, скопското јавно обвинителство соопшти дека ја прифатило кривичната пријава против сопственикот на Дајнерс – Македонија, Божидар Јанковски, сопруг на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, и ќе истражува дали и колку е вистина дека тој заработил стотици илјади евра изнајмувајќи си ги своите станови, а кириите ги наплаќал од службени пари. Според пријавата на МВР, кое тогаш и сега го раководи блискиот соработник на Шекеринска – Оливер Спасовски, тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пресметките кои ги направи Press24 во перидот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари.
Освен три стана во Скопје и еден во Охрид кои ги рентале сами на себе и на неговата фирма, ова семејство молчеше и за други луксузи во кои ужива.
Шекеринска не ја пријави во анкетниот лист својата луксузна хациенда во Маврово, а излажа и дека не е нејзин луксузниот џип во кој често ја гледаме. Кога истиот џип беше дел од сообраќајна несреќа, Шекеринска беше еден од патниците во него.
Освен во Македонија, Шекеринска ужива луксуз и во соседна Грција. Таа летно време одмара на својата јахта за која сакаше да избегне да одговори пред јавноста, иако јахтата го носи името на нејзината ќерка.
На сите овие луксузи во кои ужива заменичката на Заев, сега се додава и платата која ја зема од партиското седиште.
Истовремено, по објавите за новите вработувања во СДСМ, не стивнуваат бурните реакции од страна на јавноста, особено од симпатизерите на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа