МАН: СДСМ да престане да попречува новинари во работата, а институциите да го истражат инцидентот

 

Македонската Асоцијација на Новинари најстро го осудува вчерашниот инцидент во штабот на партијата СДСМ во кој беше нападната новинарската екипа на Република.

-Неприфатливо е новинари да бидат нападнати за време на легитимна истражувачка работа од страна на лица поврзани со политичка партија. Сметаме дека случајот е особено тежок доколку се има предвид моменталната институционална позиционираноста на Генералниот Секретар на СДСМ во Министерството за Внатрешни Работи, кое е надлежно да реагира во вакви случаи на попречување на новинарите во вршењето на нивната работа. Дополнителна тежина на случајот фрла и тоа што не се работи за прв случај лица поврзани со СДСМ да нападнат новинари, како и изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека дел од медиумите ги смета за свои “непријатели”. Бараме од надлежните институции да го истражат инцидентот, а од партијата СДСМ да се извини, да се огради од извршителите и да престане со попречувањето на работата на новинарите, стои во вчерашното соопштениена МАН.

 
 
17.09.2016 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега