ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Јанева да престанат да се однесуваат кон медиумите како во ИСИС и Северна Кореја

 

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува физичките и вербални напади врз новинарите на Република и Сител од страна на СДСМ и соработниците на Катица Јанева.

Во продолжение следува интегрален текст од прес конференција на Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Срамно и недолично е да се нарачуваат хајки и физички да се напаѓаат новинари само затоа што на СДСМ и на Катица Јанева не им се допаѓа тоа што професионално ја вршат својата работа.

Ова е само продолжување на срамниот однос на СДСМ кон медиумите којшто во континуитет потсетува на тоталитарната матрица на оваа политичка партија.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и сите медиуми врз кои што тој нема контрола ги прогласи за свои политички непријатели и кон нив се обраќаше со речник од којшто се срами секој граѓанин на Република Македонија.

На новинарите со затвор јавно преку фејсбук им се закануваше портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Хулиганите на СДСМ физички напаѓаа новинари и буквално демолираа редакции кои што се означени како непријатели на СДСМ од страна на Зоран Заев. Сопружниците Ременски упатуваа срамни закани кон новинари кои не известуваат по насоките на Бихаќка.

СДСМ бараше драконски и невидени казни и одземање лиценци за сите медиуми кои што не известуваат по волја на Заев, Шилегов, Шекеринска, Ременски и останатото раководство на СДСМ.

За СДСМ се добри само новинарите над кои има целосна контрола, оние кои седат на иста кафанска маса со Зоран Заев, учествуваат во вандалските протести во кои се сквернават споменици и се напаѓа полицијата и му отстапуваат огромен простор секој ден на СДСМ за промовирање на нивните манипулациите и деструктивните кампањи.

Таквите новинари Заев и СДСМ ги згрижуваат и во највисоките партиски тела и ги ставаат на највисоките позиции на листите за пратеници. За останатите има нарачки на хајки и физички напади. Врв на срамот.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува СДСМ и Катица Јанева да им се извинат на медиумите и да престанат кон нив да имаат однос каков што имаат во ИСИС и во Северна Кореја.

 
 
17.09.2016 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега