КУРИР: Кои се омилените соработници на Заев во СДСМ?

 

Омилените свои соработници, опозицискиот лидер си ги вдомува во партијата вработувајќи ги и ставајќи ги на платниот список, пишува Курир

Од парите кои за ги плаќаат членовите на СДСМ за членарина, на сметките на омилените соработници на Заев легнуваат високи примања секој месец.

Поранешната водителка во А1 телевизија, Иванна Хаџиевска, Заев си ја вработи веднаш по стапувањето на функцијата.Со работен договор е од 01.03.2014-та година и според нашите информации зема високи хонорари за да го следи партискиот претседател во секој чекор.

ivanna

Маринела Маричиќ-Тушева исто така е една од омилените соработнички на Заев. Вработена е во СДСМ од 15.01.2016-та година и зема плата од околу 23.000 денари.

Заев си вработи и дел од своите омилени новинари. Весна Трпчевска Ковачевска повеќе од три години е на платниот список во СДСМ. Нејзините месечни примања изнесуваат околу 23.000 денари, а договор за вработување во СДСМ има потпишано на 02.08.2013-та година.

muhamed-zekiri-zoran-zaev-1

Откако драматично се повлече од новинарството, Мухамед Зекири беше награден за соработката од Зоран Заев со вработување и висока плата. Официјално од 09.09.2016 година, Зекири е вработен како советник во СДСМ и зема плата од над 500 евра.

За јавноста е енигма какви совети Зекири ќе му дава на Заев и оправдано се поставуваат прашањата дали ќе му ги пренесе своите екстремистички идеи и ставови, како ќе си ја заработи високата плата и колку албански гласови ќе му донесе на СДСМ.

Заев во интервју за НОВА ТВ изјави дека на Зекири “му дале плата за да не му ги оставеле децата гладни откако се одважил и ја напуштил работата за да помогне“.

-Зборувајќи за Мухамед Зекири, како тоа наеднаш влегол во СДСМ, па сме му дале и плата, што да ги оставме двете деца дома гладни, па напушти работа човекот и вика политички се активирам да помогнам. Негова одлука е, има вредност и кај Албанците и кај Македонците и кај Србите и кај Ромите и кај Бошњаците. Тоа е политика на отворени врати, еден од кадрите е и сега требаше да го оставиме без леб да му бидат децата за тоа што се одважил, рече Заев.

Манчевски со советничка плата, Шекеринска живее луксуз

„Да не им бидат децата гладни“ сигурно не е одговор на прашањето зошто Заев во партијата си ги вработи Дамјан Манчевски и Радмила Шекеринска.

Според информациите до кои дојде КУРИР, Дамјан Манчевски има еден месец подолг работен стаж од Мухамед Зекири во СДСМ.

Советникот од Град Скопје, кој како координатор на советничката група на СДСМ добива и нешто повисок паушал од останатите, бил вработен во партијата на 12 јули годинава. Според нашите информации, за својот ангажман во СДСМ, Дамјан Манчевски е платен со 30.000 денари, приход надвор од парите кои ги добива како советник во Град Скопје.

damjan-mancevski

Според информациите до кои дојде КУРИР, Шекеринска има подолг работен стаж во СДСМ и од Мухамед Зекири и од Дамјан Манчевски. Нашите информации говорат дека во опозициската партија таа е вработена на 01.10.2015-та година. Неофицијално дознаваме дека нејзината плата изнесува 30.000 денари.

Радмила Шекеринска во јавноста е позната по луксузниот живот кој го води, по скапите облека, чанти и чевли кои постојано ги носи на себе. Шекеринска живее луксузно.

Со неа се врзува и аферата во која нејзиниот сопруг, директорот на Дајнерс сам себе си ги издаваше становите за најскапата кирија за која македонскиот народ има слушнато.  Според пресметките кои ги направи Press24 во перидот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари. Освен три стана во Скопје и еден во Охрид кои ги рентале сами на себе и на неговата фирма, ова семејство молчеше и за други луксузи во кои ужива.

085811sekerinskabobo

 jahta-sekerinska3

Шекеринска не ја пријави во анкетниот лист својата луксузна хациенда во Маврово, а излажа и дека не е нејзин луксузниот џип во кој често ја гледаме. Кога истиот џип беше дел од сообраќајна несреќа, Шекеринска беше еден од патниците во него. Освен во Македонија, Шекеринска ужива луксуз и во соседна Грција. Таа летно време одмара на својата јахта за која сакаше да избегне да одговори пред јавноста, иако јахтата го носи името на нејзината ќерка.

На сите овие луксузи во кои ужива заменичката на Заев, сега се додава и платата која ја зема од партиското седиште.

Гласноговорници на СДСМ револтирани, Макрадули невработен

Додека луѓе како Јани Макрадули, долгогодишен потпретседател и пратеник на СДСМ, сега се без никаков ангажман и без вработување во партијата, Зекири со сигурност станува еден од главните адути на СДСМ на овие избори и човекот од доверба на Зоран Заев.

jani-makraduli-1

 

Новинарката која со години јавно ја поддржува СДСМ и често можеше да се види во партиското седиште на Бихаќка, Нора Шаќири јавно се пожали дека таа нема работа. Само неколку минути во коментар на Фејсбук, Заев ја покани на кафе каде би зборувале за нејзино вработување.

nora-status

-Секогаш можеш да сметаш на СДСМ. Требало само да споменеш. Можело директно да ми кажеш или пак преку некој. Како би можел јас да знам дека Нора Шакири има потреба од ангажман и работа. Повели Нора на кафе кај мене во партијата, напиша Заев.

zaev-st

Откако Заев одговори, на полемиката со свое мислење се јавија и други опозициски медиумски перјаници, но и партиски активисти. Критики за политиките на Заев отворено стигнаа и од  опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и близок пријател на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски.

dragan-antonovski

ivor-status

palevski640

 

 
 
18.09.2016 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега