Попладне невреме во Македонија, а еве што не очекува од наредните денови
Денеска нашето подрачје постепено потпаѓа под влијание на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот која попладне ќе предизвика
на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните и ноќните часови во западните делови. Количината на наврнат воден талог ќе биде умерена. Ќе дува слаб а попладне повремено умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје кон крајот на денот ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бида поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.
Од вторник под влијание на постудена воздушна маса од север, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено во вторник.
Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната недела ќе се движат од 16 до 22 степени.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Да се преземат соодветни активности за заштита од поплави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа