„ВМРО-ДПМНЕ и народот нема да му дозволат на Заев да тргува со националните интереси“
СДСМ нема да успее во намерите да воведе двојазичност на целата територија во Република Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ и народот на Македонија нема да им дозволат да тргуваат со националните интереси. Зијадин Села со уцената „или двојазичност-или две федерални единици во Македонија“ ја откри крајната цел на Зоран Заев, а тоа е ревидирање на сегашното уставно уредување на Република Македонија. Сега му е мајката, Македонија јасно и одлучно да ги отфрли ваквите намери на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Да му докаже дека залудно го испраќа на Косово неговиот функционер Мухамед Зекири. Да му докаже дека залудни се средбите на Зекири со криминалци од Косово кои учествувале во бројни насилни и вооружени инциденти. Изборите во декември ќе бидат референдум во кој народот ќе му потврди на аболицираниот криминалец Зоран Заев дека нема виткање на кичма и нема пазарење со Македонија и националните интереси, велат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа