Сител: Помалите партии против идејата на Заев за двојазичност во цела Македонија
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за Сител вели дека употребата на албанскиот јазик е веќе регулирана со Уставот и нема никаква потреба за нови интервенции.
За ГРОМ, последниот предлог на Заев има за цел да ја пролонгира кризата и да разгори меѓуетнички тензии
Заев само го потврди она од што сите се плашевме, а тоа е дека после изборите нема да се стави крај на кризата и таа од меѓу партиска криза ќе прерасне во меѓуетничка криза вели Љупчо Пренџов од ГРОМ
И Социјалистите се против идејата на Заев. Од партијата велат дека за нив, воведувањето на двојазичност во општините каде што воопшто не живеат Албанци е апсолутно неприфатливо.
За Народното движење на Македонија, овој предлог е само цената на пазарењеата кои Заев ги правел на штета на македонските национални интереси
Прислушуваните материјали кои ги доби опозицијата, оние клучните кои се однесуваат на државното раководство беа условени со два услови, промена на името и федерализацијан а земјата. СДСМ ги отвори картите за условот за федерализација на земјата, и јавно посочија дека ќе воведат двојазичност доколку ја добијат довербата на следните избори и среќа во несреќа во целата работа е што СДСМ се отвори пред изборите па сега народот ќе има простор да оцени – вели Јанко Бачев, Претседател на НДМ
И додека македонските политички партии со исклучок на СДСМ имаат цврст став на оваа тема, во албанскиот политички блок, нема исклучоци. Сите албански партии ја поздравија идејата на Заев а дел од политичките лидери се заканија со федерализација
„Ако за ВМРО-ДПМНЕ албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, тогаш Македонија нека се подели на две федерални единици – албанско и словенско говорно подрачје“ – напиша предводникот на движењето за реформи во ДПА и градоначалник на Струга, Зијадин Села.
Идејата на Заев е прифатлива и за ДУИ и за БЕСА, а од новата албанска политичка партија, уште пред неколку месеци потврдија дека со опозицискиот лидер разговарале за редефинирање на Македонија
Со господинот Заев имаме разговарано за редефинирање на Македонија изјави Биљал Касами од Беса
Од ВМРО-ДПМНЕ уште пред два дена излегоа со став дека повикот на Заев за инсталирање двојазичност може да доведе кон редфинирање и федерализација на Македонија. За експертите Уставот е прилично јасен, а предлогот на лидерот на СДСМ исклучително опасен
„Неговиот предлог значи излегување од рамката на Уставот и значи официјализирање на албанскиот јазик на цела територија на земјата, односно обврска сите граѓани во државата да учат албански јазик затоа што согласно предлогот сите органи треба да бидат двојазични, и во секое време вработените што зборуваат албански ќе можат да се обратат на албански, без разлика дали граѓанинот го знае или не албанскиот јазик. Тоа ќе наложи и обврска на сите граѓани во РМ да учат албански јазик за да можат во секојдневната комуникација да се разберат со вработените што зборуваат албански јазик. Многу опасна и пред се, противуставна теза. “ – вели универзитетската професорка Тања Каракмишева
Заев во интервју за интернет портал на почетокот од неделата предложи, албанскиот јазик да се користи како службен јазик во сите општини во Македонија, без разлика што во најголем дел од нив, воопшто не живеат етнички Албанци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа