Хорор во Македонија: Маж со прострелна рана во главата лежел во ходник на зграда
Непознато машко лице со прострелна рана во главата е пронајдено утрово во ходник во зграда, лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Како што потврдуваат од МВР, случајот бил пријавен кај нив во 7 часот и 35 минути.
На местото на настанот увид вршат екипи на крим техника од МВР, јавното обвинителство и судска медицина.
Повеќе детали се најавени за подоцна.
26.09.2016 - 09:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа