Застреланиот маж бил пронајден пред вратата на кумановскиот градоначалник
Хорор ги потресе жителите на зграда на улицата Октомвриска Револуција во Куманово кога утрово станале да одат на работа. Мртов маж со прострелна рана во пределот на главата лежел во ходникот на зградата, на првиот кат.
Според неофицијалните информации до кои дојде Кумановски Муабети, безживотното тело на мажот било пред влезната врата на станот во кој живее градоначалникот на општина Куманово.
Зградата е под силно полициско обезбедување и се врши увид, по што ќе бидат познати детали.
26.09.2016 - 10:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа