Мајка од Скопје го малтретирала бебето

 

По завршување на истражната постапка и прибирање на доказите во предметот, Oсновното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице, од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Мајката се товари дека на ден 31 август годинава физички го малтретирала своето 18 месечно бебе.

Јавниот обвинител заедно со доставениот Обвинителен акт , достави и предлог за продолжување на мерката Притвор за обвинетата.​

 
 
26.09.2016 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега