Скопско: Пукал на улица полна со граѓани среде бел ден
Среде бел ден во 16 часот во селото Долно Количани, скопско, непознато машко лице, кое било со возило „Голф 4“, од автоматска пушка пукало кон група граѓани по што избегало.
На местото на настанот биле пронајдени чаури од автоматско оружје, а повредени лица за среќа нема.
Веднаш по настанот од страна на полициски службеници од единицата Алфа било сопрено истото возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М. од селото Горно Количани. При преглед во возилото биле пронајдени неколку куршуми од автоматска пушка, но оружје не било пронајдено.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа