ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев преку напади и закани врз судот сака да ги заплаши судиите

 

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува обидите на аболицираниот криминалец Зоран Заев преку напади и закани врз судот да изврши притисоци и да ги заплаши судиите да одлучуваат согласно законот, стои во соопштението на владејачката партија.

-Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос е резултат на желбите на аболицираниот криминалец Зоран Заев да бидат заплашени судиите кои треба да го судат за барањето поткуп и за случајот „Пуч“, порачувајќи им дека дивите орди кои се под негова команда ќе дејствуваат секогаш кога ќе биде донесена одлука што не е по негова волја. Аболицираниот криминалец Зоран Заев се плаши и треба да се плаши дека правдата ќе го стигне. ВМРО-ДПМНЕ апелира притисоците и нападите врз судот да престанат, а членството на СДСМ да се дистанцира од неразумните чекори на аболицираниот Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
26.09.2016 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега