СДСМ дели наредби каде ќе „напаѓаат" Шарените

 

 

Основниот суд Скопје 1 беше мета на вандалски чин од страна на активисти на т.н. „Шарена револуција“, во ноќта меѓу неделата и понеделникот. Политичките аналитичари сметаат дека нападот врз Кривичниот суд е во режија на опозициската партија, чиј лидер, како што велат преку ваквиот вандалски чин, сака да изврши притисок врз судиите кои треба да му судат во случаите „Пуч“ и „Поткуп“.

Зоран Заев, наскоро треба да седне во некоја од обвинителните клупи на Основниот суд Скопје, укажува дека и нападот врз скопскиот суд е нарачан директно од партиското седиште на „Павел Шатев“, смета аналитичарот Александар Пандов, пишува Нетпрес.

- Во ниеден момент не смееме да заборавиме дека таа Шарена револуција беше отворена и поддржана од лидерот на СДСМ  и од целото нивно раководство. Тие заедно со нив исто така ги вандализираа Министерството за правда и низа други институции и споменици во градот Скопје. Наредбата за тоа каде и кога би се направил некој напад протест доаѓа токму од седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“. Дополнително што  паѓа во очи е тоа што токму во тој суд треба да седне лидерот на опозицијата Зоран Заев кој има обвинение за две сериозни кривични дела, едно е случајот „Пуч“ во кој се терети за уцена кон високи државни функционери и шпионажа, а второто дело е за поткуп, во кое што имавме можност отворено да видиме како бара пари од граѓанин на Струмица, каде тој е градоначалник. Сето тоа наведува дека пораката која е испратена е предупредување кон судиите, и кон оние кои не се послушници на Зоран Заев и на СДСМ, посочува за Нет Прес, аналитичарот Пандов и додава дека не би го чудело ако Шарените употребат подрастични методи место боја.

Ваквиот вандалски чин наиде на остра осуда од претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Според него нападот врз судот е извршен на  најсрамен и подмолен начин во текот на ноќта, што доликува само на кукавици.

Исто така, најостра осуда упатија од ВМРО-ДПМНЕ:

Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос е резултат на желбите на аболицираниот криминалец Зоран Заев да бидат заплашени судиите кои треба да го судат за барањето поткуп и за случајот „Пуч“, порачувајќи им дека дивите орди кои се под негова команда ќе дејствуваат секогаш кога ќе биде донесена одлука што не е по негова волја. Аболицираниот криминалец Зоран Заев се плаши и треба да се плаши дека правдата ќе го стигне. ВМРО-ДПМНЕ апелира притисоците и нападите врз судот да престанат, а членството на СДСМ да се дистанцира од неразумните чекори на аболицираниот Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, за време на неколку месечните протести на Шарената револуција, на кои учествуваа и високи претставници на опозициската партија, уништени беа голем број објекти, историски споменици и културни обележја во главниот град и нанесена е голема материјална штета, што ќе ја чини државата 200.000 евра.

 

 
 
27.09.2016 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега