СИТЕЛ: Заев покажува разбирање за бојосувањето на Кривичниот суд
Јас верувам, гневот и револтот коишто постојат кај граѓаните се причината да се фрлаат бои, или да се напаѓа некоја институција којашто е сопственост на сите граѓани на Република Македонија. Сакале некои граѓани да дадат до знаење дека не е во ред, од сите овие предмети на СЈО, да има само еден домашен притвор којшто е укинат, а сите предмети којшто власта или државното јавно обвинителство ги проследуваат... некои споменуваат бројка од 711,
имаме 707 притвори, тоа е повеќе од 99%. Само по себе тоа предизвикува гнев кај граѓаните и верувам дека само тоа се причините да се фрла боја врз Основниот суд Скопје 1, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
27.09.2016 - 21:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа