Средба Заев-Ховит: Во декември мора да има фер избори

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со пратеникот во Европскиот парламент, Ричард Ховит. На средбата заеднички беше истакната неопходноста од регуларни избори во Македонија, како и потребата од демократска Влада во Република Македонија. -Во декември мора да има фер избори и на таквите избори убедени сме дека СДСМ и опозицијата ќе ја добијат одговорноста да ја водат државата. Ние се отворивме целосно како партија за граѓаните и веќе работиме на приоритетите за граѓаните и за Македонија по декември. Човекот е во нашиот фокус, секој да има добар живот во Македонија и за таа цел вчеравечер Конгресот на СДСМ усвои План 180, на што ќе се посвети новата Влада во првите 6 месеци, како и План за итните реформи во првите две години од мандатот, рече претседателот Заев. Пратеникот Ховит кој беше еден од тројцата европратеници што го олеснуваа преговарачкиот процес меѓу власта и опозицијата дава силна поддршка на напорите на СДСМ за обнова на демократските процеси во Македонија како и на заложбите за стабилизирање на животниот стандард на граѓаните.

 
 
03.10.2016 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега