Ахмети: Изборите на 11 декември се почеток на решавање на кризата
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со специјалниот претставник на Парламентарното Собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели и неговите соработници.
Роберто Батели го истакна придонесот на лидерот на ДУИ Ахмети за постигнување на политичкиот договор и стабилизирање на ситуацијата.
Претседателот Ахмети зборуваше за значењето на ставање крај на политичката криза во земјата преку одржување сеопфатни, веродостојни и демократски избори.
Лидерот Ахмети се осврна на потребата за враќање на Евро-атлантската и реформска агенда од страна на Владата по изборите и истакна дека Демократската Унија за Инеграција е партнер на меѓународната заедница во постигнување на заедничката цел.
Македонија има потреба за стабилни институции кои ќе дејствуваат во спроведувањето на сите реформи и ќе работат кон решавање на името, интеграција на земјата во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија бидејќи само оваа агенда обезбедува добри меѓуетнички односи, благосостојба и економски развој.
03.10.2016 - 15:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа