Шокантна исповед на Тајсон Фјури: Повеќе не сакам да живеам, се надевам дека некој ќе ме убие!

 

Светската јавност во изминатиов перидот е загрижена околу здравјето на боксерската легенда Тајсон Фјури пренесуваат светските медиуми.

Фјури по отркивањето дека е позитивен на кокаин, прво ја шокираше јавноста дека се откажува од боксот, па веднаш потоа да потврди дека тоа било кажано само поради медиумите.

-Тој се наоѓа во многу тежок и мрачен период, загрижен сум за него и неговото здравје и мислам дека нема да го дочека својот 30-ти роденден, вели шампионот во средна категорија во ВБО. Џо Сондрес.

Исто така за неговата сосотјба се огласи и неговиот чичко и тренер Питер Фјури, кој соопшти дека боксерот минатата недела бил многу разочаран бидејќи не бил поддржан од британската јавност.

Боксерската легенда има 28 години и досега зад себе има оставено 25 борби и исто толку победи, од кои 18 со нокаут.

„Сум правел многу работи во животот” – вели Фјури.

„Сум земал многу кокаин, навистина многу. Зошто да не користам кокаин? Ова е мој живот, така? Можам да правам што сакам”.

„Да, сум земал кокаин. Многу луѓе земале кокаин”.

„Каква врска има тоа со сето ова? Не се работи за дрога која ги подобрува перформансите”.

„Со месеци не сум бил во теретана, ниту пак сум тренирал. Патам од депресија”.

„Едноставно повеќе не сакам да живеам, мислам дека разбирате што зборувам”.

„Доста ми од се. Ме притиснаа до точка на кршење. Повеќе не сакам да живеам, па кокаинот ми е најмал проблем”.

„Секој ден се надевам дека ќе умрам. И тоа е прилично лоша работа со оглед на тоа дека имам три деца и сакана сопруга, нели?”

„Но едноставно не сакам да живеам повеќе. Доколку можам да си го одземам животот, и доколку не бев христијанин, веднаш ќе го сторам тоа”.

„Се надевам дека некој ќе ме убие пред да се самоубијам. Не сакам да одам во пеколот”.

 
 
05.10.2016 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега