ВИДЕО: Неверојатни промашувања на Пандев на мечот со Израел
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч на италијанскиот калчолигаш Џенова, Горан Пандев се трудеше навистина многу на вечерашниот дуел со Израел и даде се’ од себе, но сепак не придонесе директно за Македонија да го избегне поразот.
Она што некогаш за Пандев беше само лесна реализација, сега веќе не е така. Поранешниот фудбалер на Лацио, Интер и Наполи имаше две одлични шанси да го отвори резултатот на мечот, но и двете ги промаши.
Во првиот обид фудбалерот на Џенова шутираше со левата нога од пред шеснаесетникот, но не погоди, додека во вториот наврат доби фантастична топка од Алиоски, излезе пред голманот, но неговиот удар наместо во мрежата заврши високо над голот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа