Жбогар: Фер кампања и избори за решавање на политичката криза
Фер кампања и кредибилни избори во декември се клучен чекор кон разрешување на политичката криза во земјата, порача денеска шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар на конференцијата „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“.
- Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и демократскиот поредок и ја парализира земјата веќе предолго, рече Жбогар.
Тој нагласи дека декемвриските избори ќе бидат тест за одговорноста, тест за зрелоста, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници, за медиумите и подвлече за граѓаните.
Изрази надеж дека, како што рече, ќе успеете за вашата земја да може да се врати на евроинтегративниот пат каде што припаѓа кон значајни реформи и кон просперитетот.
Жбогар потенцира дека политичките партии играат клучна улога во демократиите и ја реализираат волјата на граѓаните.
- Јас сум оптимист и би сакал да заклучам дека навистина верувам дека со силна политичка заложба и напори од сите релевантни фактори, граѓанското општество и граѓаните проблемите ќе се разрешат и кризата ќе заврши, порача евроамбасадорот Жбогар на конференцијата што е дел од Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ финансирана од ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа