Јанакиески во инспекција на Трескавец

 

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе изврши увид на градежните активности на патот до манастирот Трескавец во општина Прилеп.

Почетокот на градежните работи беше означен минатата година, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Тогаш министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за култура Елизабета Канческа-Милевска нагласија дека патот е одамна најавен и оти е еден од основните услови за заштита на манастирскиот комплекс, кој е светски познат споменик на културата. 

Патот во должина од 7,5 километри го финансира Министерството за што се одвоени 81 милиони денари, а го гради фирмата „Гранит“.

најчитано сега