ВИДЕО: Марадона и Верон ќе се степаа на хуманитарен натпревар
Легендите на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона и Хуан Себастијан Верон расчистуваа стари сметки за време на Мечот за Мир на Папата Францис.
Диего Марадона и Хуан Себастијан Верон имаат нерасчистени сметки од 2010 година кога доживеаа дебакл на Светското првенство во Јужна Африка откако беа елиминирани од Холандија со 4-0.
Тогаш Марадона беше селектор, по неуспехот обвини дел од играчите, а Верон го нарече предавник. Тензијата помеѓу двајцата очигледно сеуште трае.
На хуманитарниот меч на Папата Францис одигран во Рим, двајцата влегоа во расправија по натпреварот, по што реагира ше обезбедувањето за да не дојде до поголем инцидент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа