Илиќ нов ракометар на Металург

 

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург најде замена за повредениот Мартин Марчец на позиција лево крило. Од денеска ново име кај „металурзите“ е Вања Илиќ, кој во Автокоманда доаѓа од екипата на Партизан.

23-годишниот Илиќ во својата кариера настапувал за српските екипи РКБ и Партизан, а минатата сезона ја мина во екипата на скопски Работнички, каде беше и најдобар играч.

По завршувањето на сезоната тој се врати во Партизан, а од денеска го засили Металург.

Илиќ во Металург ќе остане до крајот на тековната сезона, со можност соработката да продолжи за уште една година.

- Чест и задоволство е да настапуваш за екипа каква што е Металург и да бидеш трениран од тренер каков што е Лино Червар. Секако, задоволство е и да настапуваш во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига. Ќе дадам се од себе за да се прикажам во најдобро светло и да ја оправдам довербата на тренерот и на луѓето од клубот, изјави Илиќ за веб страната на РК Металург.

 
 
13.10.2016 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега