Не издржа - и девојката почина по сообраќајката пред Охрид
Уште едно лице им подлегна на повредите по страшната сообраќајка која попладнево се случи кај селото Ботун на патот Кичево Охрид. Како што дознава Press24 од полициски извори, црниот биланс по страшната несреќа се искачи на двајца загинати. Според првичните информации, покрај 29 годишниот прилепчанец и неговата сопатничка, девојка со се уште неутврден идентитет им подлегнала на повредите. Според нашите информации, уште една девојка е со тешки телесни повреди, додека возачот и неговата сопатничка кои го управувале џипот, минале со полесни повреди.
ВО моментов сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а возилата се пропуштаат наизменично
04.08.2013 - 22:28