Дуел на тренерите во пресрет на дербито Ливерпул – Манчестер Јунајтед

 

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед вечерва го играат дерби мечот во рамките на 8.коло од англиската Премиер лига.

Во најава за најголемото англиско дерби помеѓу на вечните ривали, своја мала „војна“ низ изјавите дадени за англиските медиуми веќе имаат менаџерите на двата тима.

Предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека парите не се оние кои гарантираат успех на клубот, а уште помалку освојување на шампионскиот трофеј, потенцирајќи ги над преку 150 милиони евра кои ги потроши неговиот вечерашен ривал Жозе Мурињо во летниот трансфер период.

-Не ме интересира колку пари потрошил некој друг клуб. Ниту една секунда од мојот живот нема да потрошам за да размислувам за тоа. Јас сум потполно задоволен од нашите трансфери ова лето, а мојот сон не е да трошам огромни суми на играчи. Ова не е финансиска трка и титулата не се решава пред сезоната, изјави Клоп.

Португалецот пак се стави во одбрана на главниот судија на овој меч Ентони Тејлор кој живее во Манчестер, а за кого медиумите на островот имаша низа анализии и критики, дека тој би можел да му помогна на тимот на Јунајтед да дојде д победа.

-Мислам дека господин Тејлор е многу добар судија. Но, ако некој со намера прави таков притисок, мислам дека ќе му биде тешко да суди денес“, изјавил Мурињо.

Глемото дерби во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе се игра вечерва со почеток од 21 часот

 
 
17.10.2016 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега