Редизајн на Националниот електронски систем за управување со документи – еДМС

 

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи.

Затекнавме состојба на прескапо платен дисфункционален систем, оставен цели 2.5 години без техничка поддршка, без воспоставени стандарди за сајбер-безбедност и постојани прекини и падови. Новиот, редизајнираниран еДМС претставува систем кој конечно ќе работи за граѓаните и институциите, истакна Андоновски.

еДМС е темелот – „водоводот“ на дигиталната администрација, потенцира министерот и додаде дека овој систем подразбира електронска подготовка на документи, потпишување, испраќање и примање документи и нивно разгледување – комплетно електронски.

Неговата функционалност е клучна за ефикасна, транспарентна и безбедна јавна управа, дополни Андоновски.

19.08.2025 - 11:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега