ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните никогаш не гласале за криминалци како Заев кои имаат план за двојазичност

 

И на СДСМ му стана јасно дека кога и да се одржеа изборите, изборот на граѓаните ќе беше јасен и недвосмислен, каков што бил на сите изборни циклуси во изминатите 11 години. И на СДСМ му стана јасно дека попусто бегаа од изборите, бидејќи порано или подоцна, казната од граѓаните ќе им биде доставена. И на СДСМ му стана јасно дека одговорот од народот на 11-ти декември за кризата во која ја втурна и држеше Македонија ќе биде жесток, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Република Македонија се за просперитет и напредок, а не за деструкција и држење на земјата во криза. Граѓаните се за стабилна и сигурна држава, а не за нејзина дестабилизација и обиди за разорување.

Граѓаните сакаат нови работни места и многу нови инвестиции и проекти во повеќе области од земјоделие, млади, здравство, образование, социјала и пензии, инфраструктурата. Граѓаните на Република Македонија никогаш не гласале за манипулаторите и аболицираните криминалци како Зоран Заев кои во својот план имаат не само двојазичност, туку целосно редизајнирање на државата.

Граѓаните и досега силно ја поддржувале политиката на ВМРО-ДПМНЕ и борбата за создавање на уште подобра држава во која живееме, а ги осудувале и казнувале оние кои се водат по девизата „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.

Токму затоа и на 11-ти декември столбот на државата – граѓаните на Република Македонија ќе дадат најмасовна поддршка до сега за ВМРО-ДПМНЕ и за заедничкиот одговор до повеќе адреси, во кој ќе стои дека народот одлучува сам за својата иднина и народот одбира просперитет, нови инвестиции и работни места, а е против и ги казнува политичарите со мисија Македонија да ја држат во состојба на перманентна криза.

Време е за крај на кризата, време е да продолжиме фуриозно напред. Време е за 10-тата победа по ред, заедничка победа на граѓаните на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
18.10.2016 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега