Опозицијата во паника пак фабрикува: Фокус си измисли изјава од Милошоски
Паниката во опозициските редови се префрли и во медиумите на СОРОС. По масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ на кој дојдоа околу 40.000 граѓани, на Бихаќка веќе не знаат што да прават, па вршат притисок врз своите медиуми да шират лаги и манипулации меѓу граѓаните.
Весникот Фокус, кој се „прослави“ со “Фабриката за афери на СДСМ“ и креираше наводни Скандали со фалсификуваните лични карти на Чауш, денеска повторно се обиде да фабрикува.
Најверојатно исплашени од интензивната теренска работа на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, „фабрикантите“ се обидоа да излажат дека Антонио Милошоски се повлекува од изборната трка.
„Сите и стојат на располагање на партијата, но јас побарав да не бидам на листа“, изјави Милошоски на прес конференција – напиша соросовиот Фокус
Но Милошоски вели дека никогаш не дал ваква изјава.
„Таква изјава немало. Вчера во Битола ме прашаа дали ќе бидете носител? одговорив:
"Сите сме на располагање на партијата за изборната трка, но кој каде ќе биде носител ќе одлучат партиските тела во следните неколку недели" – вели Милошоски во својата изјава за Press24.
Инаку Антонио Милошоски е еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ поради кои СДСМ и СОРОС имаат многу причини за страв и паника. Милошоски неколку изборни циклуси наназад со класичен нокаут ја поразува опозицијата на изборите во петтата изборна единица, каде што традиционално е носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се очекува и на овие избори, особено ако се има предвид атмосферата која владее при посетите на екс министерот за надворешни работи на овој крај од Македонија, што најверојатно е и причина, СДСМ, да се надева, па и јавно да посакува Милошоски да се повлече од изборната трка, во надеж дека на тој начин, опозицијата барем малку ќе го ублажи поразот кој е извесен на изборите на 11 декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа