Партиски началник на СДСМ и Оливер Спасовски спречува поставување државно знаме

 

Партискиот командир на СДСМ назначен во полициската станица Кочани, денеска го блокираше поставувањето на 30 метарскиот јарбол во Облешево на кој треба да биде закачено државното знаме.

kocani1

Општинските власти велат дека уредно е доставено документација до полициската станица во Кочани за нивна поддршка, додека пак полицијата денеска ги блокирала градежните работи под изговор дека општинските власти треба да се обратат на повисоко ниво.

kocani2

Од општината исто така велат дека поставувањето на јарболот и државното знаме е државен чин и е поздравено од граѓаните на општината Чешиново-Облешево, додека пак партиските  структури на СДСМ во полицијата го блокира.

kocani3

Граѓаните се запрашуваат зошто на партиските кадри на СДСМ во МВР им пречи поставувањето на државното знаме во Чешиново-Облешево и дали можеби тоа е поврзано со неодамнешните изјави на нивниот партиски лидер Зоран Заев за воведување на двојазичност на ниво на целата држава.

 
 
19.10.2016 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега