ЖАЛНА ВЕСТ: Најдобриот спортист во светот најави крај на кариерата

 

Најбрзиот човек на сите времиња, светскиот рекордер Усаин Болт, најави дека ќе се повлече од атлетиката следната година. Тој ќе учествува на Светското првенство во Лондон, а последната трка во својата родна Јамајка ќе ја има два месеци претходно.

usain

-Последната трка во Јамајка ќе ја имам на митингот „Рејсерс Гран При“. Ќе биде тоа еден вид благодарност за целокупната поддршка што ја имав од моите сограѓани, изјави Болт.

Тој планира да учествува на Светското првенство во атлетика што ќе се одржи од 5. до 13. август во Лондон.

bolt

 
 
19.10.2016 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега