Лоши вести: Следи големо поскапување - нафтата најскапа во последните 15 месеци

 

Лоши вести за возачите пристигнуваат од светските берзи. Цената на нафтата во текот на вчерашниот ден се искачи на највисоко ниво во последните 15 месеци.
Барел нафта од типот брент која се увезува и во Македонија, вчера се продаваше по цена од 52,67 долари за барел, што гарантира ново поскапување на горивата во Македонија за две недели.
Регулаторната комисија за енергетика последната корекција на ја направи во понеделник на 17 октомври. Тогаш 95 октанскиот бензин поскапи за 1,5 денари,  а дизелот и 98 октанскиот ЕВРОПСУПЕР за 2 денари по литар.
Според таа пресметка, просечната цена на суровата нафта за изминатите две недели била 49,8 долари за барел.
Ако се има предвид дека сме на средина од двонеделниот период во кој регулаторот врши корекции, а трендот на светските берзи вели дека нафтата ќе станува се поскапа, идниот понеделник речи си извесно е дека ќе имаме ново поскапување на горивата во Македонија

 
 
21.10.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега