Бизарна несреќа во Охрид: Го удриле со багер

Во 21  часот синоќа во Полицијата-Охрид, 42-годишниот Ф.М. од Прилеп пријавил дека на 06 месецов во 15 часот и 30 минути, во близина на бензиска пумпа, додека бил паркиран со возило Лада Нива од спротивната страна имало работна машина - багер  со која се изведувале градежни работи. Кога Ф.М. се приближил до работната машина со цел да земе жица, бил удрен со корпата од багерот во пределот на левата бочна страна од раката и градите по што паднал на земја, за што му била укажана лекарска помош во болницата Свети Еразмо. Од ударот се здобил со тешка телесна повреда изразена во скршеница на десната рака и скршеница на десната клучна коска, набиеници на градите и расекотина на левата рака.

Се преземаат мерки за расчитување на случајот.

 
 
22.10.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега