ВМРО-ДПМНЕ ги слуша проблемите на народот на терен: Крај на кризата од СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ тргнува најсилно досега на терен, велат високите партиски функционери кои интензивно работат, одржуваат средби со граѓаните и ги посетуваат општинските партиски штабови. Во нив се бара место повеќе. Средбите со нив се успешни и продуктивни, жителите на населените места се задоволни, а се испраќа пораката дека на изборите на 11-ти декември, народот ќе стави крај на голготата во која СДСМ ја втурна нашата земја и ќе се продолжи со проектите за граѓаните.
Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ вчера оствари посети и средби со граѓаните на гевгелиски регион во населените места Миравци и Смоквица, како во општина Богданци.
-Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ многу внимателно и посветено работи и се труди се што ќе вети пред граѓаните, да го исполни. Многу пати сме биле во ситуација кога сме можеле да ветиме дека ќе решиме некој проблем кој ги засега граѓаните, но тоа не сме го сториле. Нашиот принцип вели, внимателно првин процени и провери, дали навистина имаме можност и ресурси тоа да го оствариме, па отпосле да речеме дека работата е завршена, дека тоа што Ви го ветивме и го реализиравме. Токму поради тоа граѓаните ни веруваат, веруваат во нашите зборови, веруваат пред се поради тоа што 10 години ја практикуваме власта на начин ветено-остварено и тоа е клучниот момент што ВМРО-ДПМНЕ го прави различен од останатите политички партии. Продолжуваме да работиме за држава во која ќе се отворат нови странски и домашни фабрики, нови работни места, сигурна, редовна и зголемена плата за работникот. Држава во која целата патна мрежа ќе биде на европско ниво, нови болници, градинки, спортски објекти…. Тоа е правото лице на ВМРО-ДПМНЕ, истакна таа.
Националните интереси биле, се и остануваат врвен приоритет.
-Нема пазарење со државата, тоа е се што имаме и низ историјата македонскиот народ се борел да го зачува ова парче земја, за некој мало но за нас доволно големо. За разлика од нас, господата од СДСМ во тој поглед целосно докажа дека немаат слух за државност, единсвено се склони кон деструкција и рушење на темелните позиции на државата, а тоа граѓаните го видеа последните две години. Ја втурнаа државата во невиден колапс, создадоа хаос, нетрапеливост помеѓу народот. СДСМ наметна тешка политичка криза, најдлабока политичка криза до сега, и тоа граѓаните неможат да го заборават. Граѓаните знаат дека СДСМ беше против идејата за самостојна и независна држава, понатаму граѓаните ја паметат и територијалната поделба, граѓаните уште повеќе ја паметат изјавата на Заев, за виткање на кичмата, дека сега е време да се редефинира државата. Нашите граѓани ја паметат СДСМ само по работи кои биле на штета на државата, тоа е таа сурова реалност со која СДСМ неможе да се соочи и помири со години. СДСМ, ја втурна државата во невидена криза и на работ на внатреетнички, но и можност за меѓуетнички конфликт, посакуваа крвопролевање, сакаа да не закрват до крај за да може без вољата на народот да дојдат на власт, истакна Илиеска.
-На нашиот народ тоа не му е потребно. На нашиот народ му е потребно развојна економија, перспектива, инвестиции, за тоа се бориме во ВМРО-ДПМНЕ, за тоа велиме да ставиме крај на оваа политичка криза која не ни носи добро, туку само ни нанесе огромна штета. 11 декември е денот кога нашите граѓани, ќе покажат дека Македонија има политичка зрелост и капацитет да процени, да оцени, да награди но и да казни. Да ги награди тие што искрено работат за земјата, но и да ги казни оние кои со години и коваат црни планови како да ја уништат сопствената држава, единствено само да дојдат на власт, посочи таа пред граѓаните.
Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше во посета на општина Кичево. Тој оствари средба со голем број на граѓани.
Со нив разговараше за проектите и реформите кои ги спроведуваа Владата, но и ги ислуша нивните проблеми и барања.
-Истовремено поразговаравме за сето она што се приоритети во делот на процесите кои што треба да продолжат за следниот период и се поврзани на централно, но и на локално ниво со развојот на општина Кичево. Во оваа прилика би сакал да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатака на вакви дирекни и непосредни средби и разговори со граѓаните да ги позиционира и димензионира следните свои активности за следниот период и следниот мандат со тоа што во исто време ќе ги пренесеме сите размислувања кои што ги имаме во делот на продолжување на реформите во делот на образованието, земјоделието, во здравството, во економијата, генерално и целокупниот економски раст на Република Македонија, рече Ристовски.
Ристовски рече дека се уверени во фактот оти целокупниот успех може да се добие и реализира само со довербата на граѓаните, а довербата на граѓаните е нешто коешто го красело ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десетина години.
– На еден начин целокупната активност и ангажман којшто ВМРО-ДПМНЕ ги имал граѓаните го потврдувале со голем број победи на сите избори досега, за разлика од нашите политички противници…Овојпат ќе понудиме најобемна програма убедени дека граѓаните повторно на 11 декември ќе бидат нашиот најголем сојузник, ќе бидат вистинскиот одговор на целата деструкција на СДСМ, нагласи тој.
– За разлика од нив коишто се обидуваат да креираат некакви вештачки сојузи со таканаречени невладини организации ние сме убедени дека на 11 декември народот на РМ ќе биде нашиот најголем сојузник и ова раководство на СДСМ на еден начин ќе го претрпи десетиот пораз со што и ќе биде испратено во историјата, нагласи Ристовски.
Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ вчера оствари средба со жителите на кумановското село Клечовце.
-Ова се редовните посети кои ги правиме во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, континуирани, пратениците континуирано се на терен на средби со граѓаните од местата каде што се избрани. Динамиката сега ни е поголема зошто се наоѓаме во изборен процес, така да на овие средби имаме можност да со граѓаните направиме разговор за сите проблеми кои што од претходно биле лоцирани, до кај е нивното решавање, има ли некои нови проблеми, за некои нови идеи од граѓаните, така да како партија секогаш да бидеме блиски до народот. Село Клечовце е родното место на основачот на партијата Драган Богдановски и затоа со посебен пиетет доаѓаме тука, со луѓето кои се сеќаваат, има доста живи сведоци од времето кога живееше Драган Богдановски и е една рурала населба, која е на граница помеѓу урбана-рурална, така да проблемите кои најчесто ги имаат урбаните населби ги има и село Клечовце, рече тој.
Високиот функционер од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Миновски, вчера оствари средба со голем број на жители од Негорци.
Тие разговараа за досега реализираните проекти, но и за работите кои се планирани за следниот период.
Миновски ги запозна насобраните граѓани со дел од новата програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја побара довербата на претстојните избори.
-Тоа е програма во која што централно место има креирањето на новите работни места, инвестициите, подобрувањето на животниот стандард и благосостојбата на граѓаните. За таа цел, имаме предвидено бројни мерки, имаме јасна визија на кој начин да се подобри животниот стандард во интерес на развојот на економијата, рече тој.
Миновски истакна дека мерките кои се предвидени во оваа програма се фокусирани на развојот на инфраструктура, развој на претпријатија, но Владата посебно внимание посветила и на земјоделството.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вчера оствари посета на Крива Паланка каде оствари средба со голем број на граѓани.
Тој ги слушна барањата и потребите на граѓаните бидејќи, како што истакна, нивното решавање е секогаш дел од партиската програма.
-Никогаш сами не пишуваме програма за избори, секогаш тие програми ги пишуваме врз база на потребите на граѓаните. Најголем интерес на граѓаните е брзо завршување на кризата бидејќи 2 години живееме во време кога одредени политички структури сакаат да внесат хаос во Република Македонија, да внесат хистерија и немир меѓу граѓаните, па дури се обидоа да внесат и меѓумакедонски судир. Тука во Крива Паланка, никој тоа не го одобрува и не одобруваат некакви идеи за редефинирање на државата, промена на Уставот и двојазичност, рече Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ е концентриран на проекти и мерки кои ќе им помогнат на македонските граѓани.
-Луѓето сакаат да заврши кризата и сакаат државата да се занимава со нивните потреби и со нивните барања, заклучи Димовски.
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вчера повторно е на терен меѓу граѓаните. Тој оствари посета на Брвеница, Седларце, Лешок, Непроштено и повеќе други места во општина Теарце.
Ги слушна потрбите на граѓаните од овие населени места и со нив разговараше за проектите кои ги спроведува владејачката партија, но и за низа нови мерки од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев им порачал на граѓаните со кои оствари средба дека Македонија ќе излезе од кризата во која беше втурната од страна на СДСМ.
-Македонија покажа дека е доволно силна да ги издржи овие удари и да ја надмине кризата. На 11-ти декември претстои битка за Македонија во која граѓаните ќе порачаат дека цврсто стојат на позициите на македонска државност, дека цврсто стојат на позициите на македонската самостојност и нивното право да одлучуваат за нивните работи. Само граѓаните на Република Македонија ја бираат Владата. Тие се врховниот арбитар, тие даваат или земаат власт. 11-ти декември ќе биде денот кога граѓаните на Република Македонија, демократски, со ливче во раката, ќе одлучат за оваа држава од позициите на македонска државност и правото на избор, порача Ѓорчев.
Во придружба на Ѓорчев на денешните средби со голем број на граѓани беше и Владимир Неловски, лидер на партиската пладина на ВМРО-ДПМНЕ.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вчера ги посети Преспа и Ресен.
Тој оствари средба со жителуте на селата Брајчино и Љубојно каде имаше средба со мештаните и туристичките работници кои испратија благодарност за поддршката до македонската Влада.
Воедно, Милошоски ја посети фабриката Кабис за преработка на индустриско јаболко која е инвестиција на повратник од Скопје кој има вработени 9 лица.
Соспственикот изрази задоволство и благодарност за владините програми и за поддршката за малите бизниси.
Воедно, заедно со градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, Милошоски присуствуваше на асфалтирање на локалните патишта и улици.
На средбата со ресенчани, тој истакна дека СДСМ преку газење на националните интереси се обидува да дојде на власт и дека не може преку креирање на кризи да ги минимализира ефектите од странските инвестиции.
Кристијан Делев пак, вчера беше на терен во Неготино каде со граѓаните разговараше за проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој со жителите на Пепелиште разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија и наметнатата криза од страна на СДСМ.
-Граѓаните од овој крај се спротивставуваат на политиките кои се наметнуваат од страна на опозицијата, кои ги имплементираат преку Катица Јанева и СЈО. Од овде сакаме да порачаме дека нема да потклекнеме на тие провокации, дека ВМРО-ДПМНЕ е најголема и сериозна партија која и досега нудеше одлични решенија, конкретни проекти кои ги импелемнтира, а така и ќе продолжиме понатаму. Со граѓаните споделивме неколку нови моменти од поретстојната програма која ќе биде најобемна во историјата, рече Делев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа