СДСМ си нарача анкета: Според неа ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 505.000 гласови
Агенциите платени од СДСМ денеска излегоа со анкета која предизвика вистински потсмев меѓу граѓаните.
Извесна агенција од Белград, која СДСМ ја плаќа за потребите на својата кампања во Македонија, верувале или не, пресмета дека коалицијата на Павле Трајанов и Јове Кекеновски која се уште не се знае во каков формат ќе биде на изборите кои следат ќе освои 162.000 гласови.
Истата анкета покажува дека на изборите во декември ќе гласаат скоро 1,4 милиони граѓани, што е повеќе од сите избори заедно, а особено е смешно ако се знае дека Заев тврдеше дека толку гласачи нема во Македонија.
Она што очигледно и агенциите на СДСМ не можеле да изостават е рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кој е повисок од оној на анкетата на Димитрија Чуповски, институт за кој соросовите медиуми тврдат дека е под влијание на ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа анкета рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 28% и е за половина процентен поен повисок од оној во анкетата на Димитрија Чуповски каде изнесуваше 27,6%.
Ако се остварат прогнозите на оваа агенција, за ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе гласаат над 505.000 гласачи, што ќе биде рекорд кога станува збор за претседателски избори
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа