СИТЕЛ: Банкарскиот сектор е стабилен, заштедите на граѓаните високи
Банкарскит систем е стабилен, заштедите на граѓаните сигурни, банките ликвидни. Разнишаната доверба поради политичката и бегалската криза, како и шпекулациите за девалвација на денарот, повторно e вратена . Заштедите на граѓаните растат. Тие се основниот капитал за финансирање на стопанството Затоа Владата ќе продолжи да ги стимулира преку креирање политики во насока на долгорочен и одржлив раст, зголемување на вработоста и зголемување на стандардот на граѓаните, кој ќе го поттикне штедењето
- Наша цел ќе биде да обезбедиме подобра бизнис клима и подобар стандард за граѓаните. Само преку подобрениот стандард, ќе има пораст на заштедите кај населението, Сите ние треба заедно да креираме услови штедните влогови да станат единствена алатка за штедење. Штедењето е клучен столб за стабилноста на финансискиот систем , изјави Кирил Миноски, министер за фианснии
Податоците говорат дека заклучно со септември вкупните депозити изнесуваат речиси 5 милијарди евра. Од нив 70% или 3,4 милијарди евра се штедни влогови на населението. Банките се подготвени во наредниот период со овие пари да го кредитараат населението , а посебно стапанството .
Една половина од секој одобрен кредит се финансира со заштеди од граѓаните. Но растот на депозитите во моментов е мал, токму поради политичката криза., велат од Народната банка
-Депозитите се зголемени за 1,3%, но тоа е најниско нивио од 2001 та година. тр, изјави Милица Арнаудова од Народната банка
По повод светскиот дена на штедењето, најдобрите банкарски службеници беа наградени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа