6 години Press24

Денеска прославуваме 6 години заедно во македонскиот интернет простор.
На овој ден пред точно 72 месеци се појави првата вест на тогаш скромниот проект Press24 чија цел, беше и остана читателите  информациите да ги добиваат први, во скратена форма и ослободени од секакви влијанија.
2192 дена подоцна, Press24 е водечки информативен портал во Македонија.
Со повеќе од 3 милиони посети месечно и над 6 милиони прегледани страници за 30 дена од над 1 милион различни корисници, Press24 успева да стигне во секој дом, да светне на секој телефон, да отвори дебата на секоја од социјалните мрежи.
Нашите над 213.000 фанови на официјалната фан страна и повеќе од 5.600 следбеници на Твитер најдобро знаат, колку значи информацијата да ја дознаете прв, таа да биде проверена и обработена од секој агол.
И оваа година како и претходната ќе ја завршиме со околу 40 милиони посети направени од околу 8,5 милиони различни корисници кои ќе прегледаат над 80 милиони страници на Press24. Вкупното време кое сите корисници годинава ќе го поминат на Press24 изнесува неверојатни 47 години.
Напредувавме и од технички аспект. Надградбите на серверскиот систем и оптимизацијата на апликацијата обезбедија стабилно уживање за нашите читатели, а прилагодувањето за мобилни уреди ни го зголеми приливот на посети од телефони и таблети кои во моментов надминуваат 65% од вкупната посетеност.
Во седмата година на македонското интернет небо, најавуваме уште поголема ангажираност, многу напорна работа и долги ноќи пред компјутерот за Вие, нашите читатели да на пропуштите ниту една информација, никогаш да не ви биде досадно и секогаш да имате тема за дискусија која ние ќе ја отвориме.
Затоа, за сите овие 2192 дена, ние, редакцијата на Press24, маркетинг одделот и секторот за техничка поддршка, од срце ви благодариме за секој клик, за секој коментар, секоја пофалба и критика.
Голема благодарност за сите огласувачи и пријатели на Press24 кои и во времињата кога онлајн медиумите беа во пелени, но и денеска кога тие владеат со медиумскиот простор препознаа колку значи да се биде заедно со најуспешните .

 
 
01.11.2016 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега