Граѓаните да останат дома: Во Битола вечерва е опасно по живот

Битола град каде вечерва воздухот е опасен по живот. Според податоците од мерењето на квалитетот на воздухот, во градот на конзулите вечерва загаденоста е 6 пати над максимумот односно има над 350 нанограми ПМ10 честички на метар кубен . Препораките се да не се излегува надвор без посебна потреба


Следно најзагадено место во Македонија е Миладиновци каде загаденоста е над 5 пати повисока од максимумот.
Загадено е и во Кичево со 3 пати над максимално дозволената бројка.
Во Скопје најзагадено е во Карпош, каде ПМ10 честичките во моментов се 2 пати повисоки од максимумот. Тука некаде е и загадувањето кај Ректорат а малку пониско, но сепак над дозволеното е во Центар и Лисиче.

 
 
01.11.2016 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега