Во сабота е Духовден - ова задолжително треба да го направите

Духовден во Струмичко и во Радовишко

Навиките од колено на колено се преземаат, но во последно време одредени ритуали се губат за Духовден или во Струмичко, познат како Мртвен. Во населените места во Струмичкиот Регион, задушница се прави на самиот ден, и тоа во утринските часови, откако ден претходно најблиските ќе го посетат гробот и ќе го зачистат и измијат. Но и тоа се разликува од село во село.
“Задушница се прави во петокот попладне до првиот мрак. Се посетуваат гробовите на починатите, се носат пченица, вино, погача, но и цреши, бидејќи оваа задушница ја викаме Мртвен – црешар. Се оставаат тие работи на гробот и доаѓа поп. Ја пее молитвата, и толку. Утредента, на самиот ден Духовден, во чест на починатите во селото , секој раздава по најблиските и соседите, под изговор да им се најде на починатите на оној свет. Се дели баница, баклава, колачиња”, ни објаснува Трајанка Витанова од населеното место Велјуса
Велјуса и уште неколку други села од Струмичко Духовден го одбележуваат во петок навечер по истиот принцип како останатите.
Во Радовишко, пак, задушница се прави во петокот навечер, кога најблиските на починатите седат до ноќните часови. Таму е обичај да се носат чаши полни со цреши или филџани и мали бардачиња. И таму се дели принесената храна во чест на починатите.

Во Струмица на гробишта наутро

Во градот Струмица посетата на починатите ја прават во сабота наутро до 10 часот.
“Во петокот одиме на гробовите и со лисја или гранчиња од орев го чистиме гробот или споменикот, за да го посетиме во сабота наутро повторно гробот со храна каде што предничи црешата. Освен цреши, мора да има пченица и вино, а се носат и разновидни колачиња, баници, печива, пијалаци. Се оставаат на гробот, и свештеното лице ја пее молитвата, по што храната им се дели на присутните на останатите гробови”, објаснуваат граѓаните

ИЗВОР : Вечер

 
 
03.11.2016 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега