Силно обезбедување: Вечерва цел Охрид блокиран од полиција

Полицијата го обезбедува заворот во Охрид, како и објектите на СВР Охрид од како попладнево во градот, како што ексклузивно објави Охрид1,  беа донесени терористите кои се товарат за терористичкиот напад во кумановската населба Диво Насеље.

Попладнево центарот на Охрид беше блокиран од полициски сили, додека траеше транспортот на терористите, а на клучните локации низ кои поминуваше конвојот со возила , транспортирањето го обезбедуваа спацијалци опремени со панцири и огнено оружје.

Ваквото блокирање на Охрид предизвика голем интерес кај граѓаните, а нестивнуваат ни коментарите по социјалните мрежи посебно од како нашиот медиум објави дека во градот се довезао терористите кои го тероризираа Куманово.

До овој момент прес службата на охридската Полиција која е исклучително активна во меидумите со активности во градинки и основни училишта, не се има огласено со официјална информација до граѓаните за тоа дали во Охрид се довезоа терористите од Диво Насеље.
 

 
 
03.11.2016 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега