Планот пропаѓа - фабриката за афери на СДСМ пред нов стечај
Нов клуч на врата и се заканува на фабриката за афери на СДСМ. Откако денеска комплетно беше разобличен начинот на кој СДСМ се обидува да креира скандали и афери, граѓаните се бесни. Лавина од коментари и реакции на фабрикувањата на СДСМ на социјалните мрежи. Најголем број граѓани велат дека очекувале, СДСМ во недостиг на идеи и програма, да се обиде на овој начин да се спаси од катастрофата која ги чека во декември.
Сепак, коментираат дека се зачудени до кое ниво може да се спуштат за да искреираат една ваква афера.
Но скандалот на СДСМ со фабрикувањето а аферата за Диме Спасов е само еден од производите од фабриката за афери на СДСМ.
Медиумите денеска објавија и за професорка по историја од Велес, инаку портпарол на СДСМ во општинската организација на овој град која присилувала малолетен ученик да дава изјави кои подоцна таа би ги користела за политички цели. И оваа афера како и онаа за Диме Спасов, не помина иако шемата била иста. Се одело во координација со медиумите блиски до СДСМ. За да го сними момчето, новинарот патувал од Велес до Кавадарци, бидејќи малолетникот тогаш бил заминат кај своите родители.
Момчето кое било под притисок на својата класна пред камерите ја откри вистината, а „скандалот“ на СДСМ повторно пропадна.
Граѓаните го паметат и Захир Беќири Чауш и она што полицијата го откри во неговиот дом. Таму, според полициските извештаи можеше да се вида фалсификувани бугарски пасоши со имињата на функционери од ВМРО-ДПМНЕ како и фалц имотни листови и трансакции од банка. Доколку полицијата не го пресретнеше ова, сега СДСМ ќе креираше низа вакви „скандали“ или пак како оние со наводните фалсификувани лични карти, со кои се посрамоти весникот Фокус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа