Просветниот инспекторат најави казни ако се утврди злоупотреба на ученикот во политички цели

Државниот просветен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес, а во врска со индициите за политичка злоупотреба на ученик, информираше денес директорката на инспекторатот Надица Николоска.

-Согласно законот за средно образование, во средните училишта во Република Македонија е забрането секакво политичко организирање и дејствување. За непочитување на оваа законска одредба следи прекршочна пријава. Доколку се утврди неправилност, санкции ќе има за сите инволвирани страни, истакна Николоска.

Таа додаде дека ДПИ најостро го осудува инволвирањето на политиката во образовните установи и злоупотребата на учениците заради остварување на политички цели.

 
 
04.11.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега