Прегазен пешак во Тетово
Пет минути по полноќ сеслучила сообраќајна несреќа на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово.Возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Б.А. удрило во пешак.
Се работи за 52-годишниот З.М. од Тетово кој од Медицински центар Тетово бил пренесен во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
04.11.2016 - 13:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа